• четврток, 11 јули 2024

Кирби: САД се внимателно оптимистични за прекин на огнот во Појасот Газа

Кирби: САД се внимателно оптимистични за прекин на огнот во Појасот Газа

Вашингтон, 11 јули 2024 (МИА) – Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека САД се „внимателно оптимистични“ за преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа.

- Ние сме внимателни оптимисти дека работите одат во вистинската насока. Сè уште има празнини меѓу двете страни (Израел и Хамас), но веруваме дека тие можат да се намалат, посочи Кирби.

Тој додаде дека претставникот на Белата куќа за Блискиот Исток, Брет Мекгурк и директорот на ЦИА, Бил Барнс се обидува да ги намалат разликите помеѓу Израел и Хамас. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан