• четврток, 21 ноември 2024

Кирби: Време на Израел да ги намали операциите во Газа

Кирби: Време на Израел да ги намали операциите во Газа

Вашингтон, 14 јануари 2024 (МИА) - Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека САД водат „интензивни“ дискусии со Израел за преминување на операции со „помал интензитет“ во Газа. 

-Веруваме дека е вистинското време за таа транзиција. Зборуваме за тоа да го направиме сега, рече Кирби. 

Портпаролот додаде дека Израел презел „некои прелиминарни чекори“ за да ги намали воздушните напади и да работи со поограничен капацитет, иако во последните денови во израелските напади се убиени стотици Палестинци.

Израел претходно овој месец објави дека повлекува некои војници од палестинската енклава, додека портпаролот на израелската војска минатата недела изјави дека силите се движат кон поконкретни цели на операцијата, пренесе Ал Џезира. 

САД со недели јавно го повикуваат Израел да ја направи промената, но одбиваат да наметнат какви било временски рокови или црвени линии, велејќи дека тие одлуки се на израелските лидери.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан