Кино на отворено во Кисела Вода
- Паркот „Македонија“ кај Домот на култура „Билјана Беличанец“ од денска до 24 август ќе се претвори во филмска сцена под отворено небо. Киното на отворено во Кисела Вода, што го организира локалната самопуправа во соработка со „Киноверзум“ ДООЕЛ Свети Николе, „Кинотека на Македонија“ и Францускиот институт во Скопје, ќе донесе богата програма за различни возрасти и вкусови – од анимирани и детски содржини, преку франкофонски и македонски остварувања, до наградувани документарни приказни.
Скопје, 21 август 2025 (МИА) - Паркот „Македонија“ кај Домот на култура „Билјана Беличанец“ од денска до 24 август ќе се претвори во филмска сцена под отворено небо. Киното на отворено во Кисела Вода, што го организира локалната самопуправа во соработка со „Киноверзум“ ДООЕЛ Свети Николе, „Кинотека на Македонија“ и Францускиот институт во Скопје, ќе донесе богата програма за различни возрасти и вкусови – од анимирани и детски содржини, преку франкофонски и македонски остварувања, до наградувани документарни приказни.
Вечер на ,,Киноверзум" со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан филмот за деца „Бунтовната принцеза“ (синхронизиран на македонски јазик), а од 21:30 филмот посветен на Марија Калас - „Марија"
Утре на Франкфонската вечер е предвидена проекција на цртаниот филм,,Каламити" и на играниот филм „Повторно родена".
На Македонската вечер, в сабота, на програмата се блок краткометражни играни филмови за големи и мали деца „Ракетно моделарство", „Баскет" и филмот „Ди балчак".
В недела на последната вечер од Киното на отворено во Кислеа Вода ќе бидат прикажани анимираниот филм за јунаците од светот на Биби „Златната пеперутка" и документарниот филм „Медена земја".са/
Фото: Кисела Вода