• понеделник, 25 ноември 2024

Кинескиот извоз на автомобили продолжува да расте

Кинескиот извоз на автомобили продолжува да расте

Пекинг, 10 мај 2024 (МИА) - Извозот на автомобили во Кина силно порасна во април, бидејќи производителите бараа решение во странство за слабата домашна продажба, покажаа денеска податоците од Кинеската асоцијација за патнички автомобили (CPCA).

Извозот на автомобили скокна во април за 38 отсто во однос на истиот месец лани, со испорачани 417.000 возила, по речиси истиот процентуален раст во март, објави здружението. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан