• вторник, 05 ноември 2024

Кина го тестираше својот најголем товарен дрон

Кина го тестираше својот најголем товарен дрон

Пекинг, 12 авгyст 2024 (МИА) - Кинеската компанија „Тенгден“ го тестираше својот најголем товарен дрон досега. Леталото е со капацитет до два тона, има распон на крилата од 16,1 метар долг е 4,6 метри, и е наменет за цивилна употреба, објавија денеска кинеските медиуми.

Стручњаците вчера извршија 20-минутен пробен лет со двомоторниот товарен дрон во југозападната кинеска провинција Сечуан. Произведен е во авиокомпанијата „Тенгден“.

Испораките на помали комерцијални дронови веќе почнаа во Кина.

Инаку, Кинеската државна компанија за воздухопловна индустрија (АВИК) планира следната година да продолжи со тестовите на својот двотонски дрон.  си/сд/

Фото: Фејсбук-објава, фотоисечок

Остани поврзан