• среда, 15 мај 2024

Киев: Харков повторно цел на руско гранатирање

Киев: Харков повторно цел на руско гранатирање

Киев, 8 декември 2023 (МИА) - Источноукраинскиот град Харков беше погоден од неколку руски проектили, соопштија властите во текот на ноќта и информираа дека најмалку едно лице е повредено.

„Окупаторите го погодија Харков шест пати“, напиша во Телеграм Олег Синегубов, шеф на регионалната воена администрација, посочувајќи дека на самото место му била укажана помош на повредено лице.

Погодени се регионите Холоднохирски и Шевченковски, додаде Синегубов, прецизирајќи дека според првичните информации станува збор за ракети С-300.

- Оштетени се станбени згради, рече Синегубов.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изброи „најмалку пет удари“, спомнувајќи еден ранет.

Покрај тоа, вчера попладне беше нападнат и рудник за јаглен лоциран во Торецк, северно од источниот град Доњецк, соопшти украинското Министерство за енергетика.

Едно лице кое работело на местото било повредено и е пренесено во болница, соопшти Министерството кое пријавило „значителна штета“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан