Киев: Од Москва добиени телата на 1.000 загинати украински војници
- „Истражителите од агенциите за спроведување на законот, заедно со специјализираните единици на Министерството за внатрешни работи, наскоро ќе ги спроведат сите неопходни процедури и ќе ги идентификуваат вратените тела“, напиша Центарот во објава на Телеграм.
Киев, 20 ноември 2025 (МИА) – Украина од Русија ги доби телата на 1.000 убиени свои војници, соопшти денеска украинскиот Центар за координација за воени заробеници.
„Истражителите од агенциите за спроведување на законот, заедно со специјализираните единици на Министерството за внатрешни работи, наскоро ќе ги спроведат сите неопходни процедури и ќе ги идентификуваат вратените тела“, напиша Центарот во објава на Телеграм.
Киев и Москва разменија илјадници тела на убиени војници во текот на војната, која започна со руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Во минатото, Украина ја обвинуваше Русија дека телата на загинатите ги враќа без некој одреден редослед, при што понекогаш испраќа и тела на убиени руски војници – нешто што Москва го негира. ссм/
фото: архива