Кеси на 6 јули ќе потпише за Барселона
- Поранешниот играч од средниот ред на Милан, Франк Кеси ќе потпише договор со Барселона во среда, на 6 јули, објави „Мундо Депортиво“.
Барселона, 3 јули 2022 (МИА) - Поранешниот играч од средниот ред на Милан, Франк Кеси ќе потпише договор со Барселона во среда, на 6 јули, објави „Мундо Депортиво“.
Договорот на 25-годишниот фудбалер од Бтегот на Слоновата Коска со каталонскиот клуб ќе се пресметува до 2026 година. Платата ќе биде околу 6,5 милиони евра годишно.
Сезоната 2021/22 Кеси постигна шест гола и една асистенција на 30 натпревари за Милан во сите натпреварувања. Неговиот договор со миланскиот клуб истече на 30 јуни 2022 година.
За пет сезони во Милан, играчот од средниот ред одигра 223 натпревари, постигна 37 гола и даде 16 асистенции. Минатата сезона Кеси со клубот од Милано стана шампион на Италија. зс/