• недела, 27 октомври 2024

Кварацхелија повеќе не е недопирлив во Наполи

Кварацхелија повеќе не е недопирлив во Наполи

Неапол, 27 октомври 2024 (МИА) – Наполи викендов во 9. коло од Серија А го совлада Лече со резултат 1:0 и е лидер во поредокот со 22 бода. Квича Кварацхелија му го отстапи местото во стартната постава на Бразилецот Давид Нерес и на теренот се појави дури во 72. минута.

Тренерот на наполитанците, Антонио Конте, јасно им порача на италијанските медиуми дека Кварацхелија треба да се насочи кон тимските интереси, а не кон продолжување на договорот со зголемување на платата.

„La Gazzetta dello Sport“ го оцени настапот на Кварацхелија со скромни 6,0 - исто како и на претходната средба со Емполи. 

Во исто време, директниот конкурент на Грузиецот за место во составот, Нерес, кој беше заменет со Кварацхелија, доби 5,5.

Во вторник, 29 октомври, Наполи ќе игра против Милан во Серија А на „Сан Сиро“. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан