• недела, 22 декември 2024

Кварацхелија блиску до нов договор со Наполи

Кварацхелија блиску до нов договор со Наполи


Неапол, 4 септември 2024 (МИА) – Грузискиот фудбалски репрезентативец Хвича Кварацхелија е на чекор да договори продолжување на соработката со калчолигашот Наполи, пренесуваат италијанските медиуми.
Менаџерот на Кварацхелија и претставници на Наполи ги договориле личните услови за Грузиецот да го продолжи актуелниот договор со значително зголемување на неговата плата, пишува весник „Ил Матино“.
Кварацхелија дојде во Наполи од грузискиот тим Динамо Батуми во летото 2022 година за 13,3 милиони евра,
Новиот договор се очекува да му донесе 5,5 милиони евра годишна плата, плус дополнителни 1,5 милиони евра годишно во бонуси.
Неговиот актуелен договор истекува во 2027 година, но ќе биде продолжен до јуни 2029 година со опција за уште една сезона. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан