• вторник, 25 јуни 2024

Квалификации за ЕП: Фудбалерките одиграа нерешено против Молдавија

Квалификации за ЕП: Фудбалерките одиграа нерешено против Молдавија

Скопје, 31 мај 2024 (МИА) - Женската репрезентација на Македонија одигра нерешено 1:1 против селекцијата на Молдавија во рамките на третото коло од Групата 2 во Лигата Ц за пласман на Европско првенство кое 2025 година ќе се одржи во Швајцарија.

Нашите фудбалерки може да жалат за конечниот исход на оваа средба, со оглед на тоа што беа подобар противник на теренот и не успеаа да искористат неколку изгледни можности за погодок.

Македонија сосема заслужено преку Јилза Максути во 52. минута дојде до предност од 1:0. Радоста на нашите фудбалерки траеше кратко бидејќи Молдавија во 55. минута успеа преку Табур да го израмни резултатот.

На 4 јуни, на стадионот Зумру во Кишињев, со почеток во 19. часот, не очекува нов натпревар со истиот противник во рамките на 4. коло од квалификациите. дс

Фото: ФФМ

Остани поврзан