• вторник, 14 мај 2024

Кац: Воените цели на Израел против Хамас не се променети, нацијата вели „никогаш повеќе“

Кац: Воените цели на Израел против Хамас не се променети, нацијата вели „никогаш повеќе“

Тел Авив, 6 мај 2024 (МИА) – Водачот на Хамас Јахја Синвар нема намера да ги ослободи сите заложници кои се држат во Газа, изјави министерот за надворешни работи Израел Кац, дури и ако Израел ги испразни затворите од палестински затвореници.

- Тој верува дека светот ќе го притисне Израел безусловно да ја прекине војната и ќе може да продолжи да владее со Газа – додека ги држи заложниците како адут за ценкање – со способност да продолжи војната на исцрпување против домашниот фронт на Израел додека го планира следниот напад, напиша Кац на Х.

Кац вели дека смртоносниот ракетен напад на Хамас врз Керем Шалом бил „потсетник која е нацистичката терористичка организација Хамас“.

Целите на Израел во војната против Хамас не се променети, нагласи Кац – ослободување на сите заложници и поразување на Хамас.

- Денес, на Јом Хашоа, императивот „Никогаш повеќе“ добива посебно значење. Нацијата Израел вели: „Никогаш повеќе“, нагласи шефот на израелската дипломатија. јт/

Остани поврзан