• четврток, 12 декември 2024

Катар престанува да биде посредник во мировните преговори за Газа

Катар престанува да биде посредник во мировните преговори за Газа

Катар, 9 ноември 2024 (МИА) – Катар повеќе нема да посредува во разговорите за прекин на огнот во Газа додека Хамас и Израел не „покажат искрена волја да се вратат на преговарачката маса“, изјави официјален претставник запознаен со ова прашање.

- Заливската земја заклучи дека политичката канцеларија на Хамас во Доха повеќе не и служи на својата цел, додал официјалниот претставник.

Овој потег е најголемиот неуспех во напорите за постигнување прекин на огнот откако Хамас ја предизвика војната во Газа со терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври минатата година.

- Катарците уште од почетокот на конфликтот рекоа дека можат да посредуваат само кога двете страни ќе покажат вистински интерес за изнаоѓање решение, рекол дипломатот.

Тој додаде дека Катар ги известил Хамас, Израел и американската администрација за својата одлука.

Катар, заедно со САД и Египет, одиграа важна улога во досегашните неуспешни преговори за прекин на огнот во едногодишната војна во Газа. На последната рунда разговори во средината на октомври не беше постигнат договор бидејќи Хамас го отфрли предлогот за краткорочен прекин на огнот. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан