• сабота, 27 јули 2024

Катарска делегација пристигна во Израел за да го надгледува договорот за Газа

Катарска делегација пристигна во Израел за да го надгледува договорот за Газа

Каиро, 25 ноември 2023 (МИА)  - Делегација од Катар е во посета на Израел како дел од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците и затворениците.Дипломат го потврдил доаѓањето на групата за германската агенција ДПА.

Дипломатскиот извор рече дека делегацијата, штго пристигна во саботата, е дел од оперативниот тим на Катар за конфликтот во Газа. Нивната задача е да разговараат за понатамошните чекори во спроведувањето на договорот меѓу Израел и палестинските милитантни групи - како и со посредниците во Доха.

Тимот треба да се погрижи „договорот да продолжи непречено и да разговара за понатамошни детали од сегашниот договор“, изјави дипломатот за ДПА.

Катар и Египет се сметаат за важни посредници во конфликтот во Газа меѓу Израел и исламистичкото движење Хамас. Катар одржува блиски и опсежни контакти со Хамас, иако заливската земја нема формални дипломатски односи со Израел. зш/

Остани поврзан