Кандидатот за претседател на Романија Гергеску е всушност „кандидат на Русија“, тврди неговиот ривал
- Кандидатот за претседател на Романија од владејачката коалиција, Крин Антонеску, изјави дека неговиот ривал – крајнодесничарскиот кандидат Калин Георгеску – е „кандидат на Русија“.

Букурешт, 5 март 2025 (МИА) - Кандидатот за претседател на Романија од владејачката коалиција, Крин Антонеску, изјави дека неговиот ривал – крајнодесничарскиот кандидат Калин Георгеску – е „кандидат на Русија“.
- Уште од првиот ден на кампањата кажав дека Георгеску е кандидат на Русија“, рече Антонеску во интервју за телевизијата Б1.
Коментарите следуваат откако руската Служба за надворешно разузнавање изнесе тврдење дека Европската Унија стои зад обвиненијата против Георгеску, стравувајќи од „конзервативен пресврт“ во Европа инспириран од американскиот претседател Доналд Трамп.
Романски политичари остро реагираа, нарекувајќи го ова „недозволиво“ и „обид за поткопување на демократијата“. Антонеску оцени дека Москва сé побрутално се меша во внатрешните работи на ЕУ.
Романија ќе одржи нови претседателски избори откако ланскиот резултат беше поништен поради сомнежи за странско мешање, особено од Русија. Москва ги отфрла обвинувањата, а Георгеску негира дека е „проруски“ кандидат. ссм/
фото: архива