• понеделник, 30 септември 2024

Канатларовски го објави списокот со повикани фудбалери за дуелите со Молдавија и Грузија

Канатларовски го објави списокот со повикани фудбалери за дуелите со Молдавија и Грузија

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски попладнево го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Молдавија (11 октомври) и против Грузија (15 октомври).

На списокот на Канатларовски се наоѓаат 24 фудбалери: 

голмани: Марко Алчевски , Андреј Јовчевски и Љупче Џеков;

одбрана: Стефан Деспотовски, Решат Рамадани, Имран Фетаи, Малик Хамзиќ, Ерен Алиевски, Ерион Алији и Ѓорѓе Џеков;

среден ред: Иван Николов, Алекс Златков, Хамза Рамани, Беким Камбери, Димитар Тодоровски, Фисник Исаки, Бехар Фета, Бесар Гуџуфи, Лука Станковски, Матеј Ангелов и Ване Крстевски;

напад: Михаил Талевски, Фитон Адеми и Филип Трпчевски. зс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан