Канадскиот суперсоничен „Глобал 8000“ треба да полета оваа година
- Авионот може да достигне брзина од 0,94 маха, односно 1.160 км/ч, што значи дека е многу блиску до суперсоничната брзина.

Отава, 3 април 2025 (МИА) - Канадската компанија „Бомбардиер“ го произведе приватниот авион „Глобал 8000“, којшто треба да полета во втората половина на оваа година. Се работи за најбрзиот патнички авион, по легендарниот „Конкорд“ на САД.
„Бомбардиер“ во мигов има повеќе од 5.000 авиони во служба, а најбрз оперативен модел е „Глобал 7500“ којшто достигнува брзина од 0,925 маха, односно 982 км/ч. При пробните летови во 2021 година, „Глобал 8000“ ја проби звучната бариера и достигна брзина од 1,015 маха. Авионот може да достигне брзина од 0,94 маха, односно 1.160 км/ч, што значи дека е многу блиску до суперсоничната брзина.
Со тоа, „Глобал“ е малку побрз од „Цесна Сајтејшн Икс плус“ (Cessna Citation X+) - лесен авион што може да достигне максимална брзина од 0,935 маха, односно 1.154 км/ч.
„Конкорд“ го направи својот последен лет во 2003 година, па оттогаш ниту еден патнички авион не летал со тие брзини. Максималната брзина на „Конкорд“ е двојно поголема од брзината на звукот и достигнува 2,04 маха.
„Глобал 8000“ може да прими до 19 патници и има опсег од 14.816 километри. Покрај тоа, авионот е дизајниран и да обезбеди луксуз за патниците. Опремен е со четири простории за дневен престој, две бањи и простор за одмор на екипажот. Главниот апартман има голем кревет, а достапен е и туш.
Американската компанија „Бум суперсоник“ (Boom Supersonic), исто така, развива цивилни авиони - во обид да го врати суперсоничниот лет. Неодамна, нивниот авион „Увертур“ ја проби звучната бариера за време на пробните летови. си/ссм/
Фото: Јутјуб