• четврток, 04 јули 2024

Канада за прв пат има жена врховен командант

Канада за прв пат има жена врховен командант

Отава, 3 јули 2024 (МИА) - Канада денеска назначи жена за свој прв воен командант, спроведувајќи ја политиката на премиерот Џастин Трудо за привлекување на жените на што е можно повеќе од највисоките лидерски позиции во земјата.

Генерал-полковник Џени Карињан ќе ја преземе функцијата началник на Генералштабот на 18 јули, а сега има задача да го искорени сексизмот и недоличното однесување во војската.

Таа пристигнува на чело на војската во време кога Канада е под притисок на сојузниците да го зголеми воениот буџет. мс/

фото: „Х“

Остани поврзан