• среда, 19 март 2025

Кампањата „Подај рака и промени живот, стани згрижувач“ во Дебар

Кампањата „Подај рака и промени живот, стани згрижувач“ во Дебар
Дебар, 25 октомври 2022 (МИА) - Во Дебар денеска се одржаа активности во рамки на националната кампања „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“ за промоција и зголемување на бројот на згрижувачки семејства.
Најпрво на поставени штандови во центарот на градот, на плоштадот „Скендербег“, на  заинтересираните граѓани, претставници на СОС Детско село им ги презентираа придобивките од згрижување и начинот на кој може да се стане згрижувач, а беа распредели и брошури.
– Целта на оваа кампања е токму развивање и ширење на мрежата на згрижувачки семејства низ целата држава. На ваков начин непосредно да се приближиме до граѓаните, да ја објасниме улогата и значењето на згрижувањето како форма на заштита на децата без родители и родителска грижа и има потреба да биде згрижено со овој вид на форма, информираа претставниците на СОС Детско село.
Додадоа дека згрижувањето е форма на грижа која треба да се унапредува со цел да нема деца во институциите туку секое дете коешто има потреба од грижа, да биде згрижено во згрижувачко семејство коешто е најблиска средина до биолошкото семејство.
Во просториите на општинската зграда беше одржана и средба со граѓани и други целни групи.
Директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Крешник Пачуку информираше дека во оваа и соседната општина Центар Жупа, кои ги покрива центарот досега немало згрижувачко семејство.
- Во поширокото  дебарско  подрачје до сега немало згрижувачко семејство. Моментно имаме едно,  но роднинско згрижување. Деца кои чекаат на згрижување немаме, рече Пачуку.
Поддршка за кампањата дадоа и градоначалниците на Дебар, Хекуран Дука и на Центар Жупа, Аријан Ибраим.
Дебар е 14-та од 27-те општини колку ќе што ќе бидат посетени во рамки на кампањата.
Според претставниците на СОС детско село во државава има 574 згрижени деца во 324 згрижувачки семејства за што добиваат соодветна стручна и финансиска  помош и поддршка. вт/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан