• понеделник, 25 ноември 2024

Кампањата „Ние сме Европа“ во Охрид, теми на дискусија туризмот и животната средина

Кампањата „Ние сме Европа“ во Охрид, теми на дискусија туризмот и животната средина

Охрид, 18 октомври 2023 (МИА) - Промоција на туризмот и животната средина ќе бидат главните теми на дискусија во рамки на отворената трибина што вечерва ќе се одржи во Охрид.

Настанот е дел од пошироката кампања „Ние сме Европа“ чиј предводник е заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

- Секретаријатот за европски прашања и Владата на Република Северна Македонија ги афирмираат и промовираат европските вредности, во време на важни одлуки за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, кои не засегаат сите нас, граѓаните и тоа во духот на демократијата, мултикултурализмот, владеењето на правото, почитувањето на фундаменталните и човековите права, итн“, велат организаторите.

На отворената трибина предвидено е свои обраќања да имаат вицепремиерот за европски прашања - Маричиќ, министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, Амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер и Љупчо Јаневски, директорот на Aгенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Трибината ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид со почеток во 18 часот. аб/мд/

фото/плакат

 

Остани поврзан