• четврток, 21 ноември 2024

Камерон: Подготвени сме за признавање на палестинска држава

Камерон: Подготвени сме за признавање на палестинска држава

Лондон, 30 јануари 2024 (МИА) – Велика Британија е подготвена за моментот кога и формално ќе ја признаеме палестинската држава, изјави шефот на британската дипломатија и поранешен премиер Дејвид Камерон, додавајќи дека на Палестинците треба да им се даде политички хоризонт за промовирање на мирот на Блискиот Исток.

Камерон денеска ја почнува својата четврта посета на Блсикиот Исток откако во ноември беше назначен за министер за надворешни работи. 

-Велика Британија има одговорност да одреди како би изгледала палестинската држава, рече тој

„На палестинскиот народ ќе треба да му се покаже неповратен напредок кон решение со две држави“, рече Камерон. „Како тоа ќе се случи, ние, со сојузниците, ќе го разгледаме прашањето за признавање на палестинска држава, вклучително и во Обединетите нации“, додаде тој пред Советот за Блиски Истока на Конзервативната партија.

Камерон, исто така, го повика Израел да дозволи поголема хуманитарна помош во Газа и кажа дека е „смешно“ што виталната британска и друга помош се враќа назад на границата. 

Тој кажа дека последните 30 години биле приказна за неуспехот на Израел бидејќи не успеал да им ја осигура безбедноста на своите граѓани. Само со признавање на тој неуспех, рече тој, ќе има мир и напредок.

Велика Британија долго време го поддржува решението за две држави, каде Израелците и Палестинците би можеле да живеат рамо до рамо во одделни земји. 

Камерон сугерира дека велика Британија би можела да и даде формално, дипломатско признавање на палестинската држава не како дел од конечниот мировен договор, туку порано, за време на самите преговори.

Истовремено, додаде тој, ќе мора да има нова палестинска власт која брзо ќе се крене со „технократски и добри лидери“ способни да управуваат со Газа. 

-Заедно со тоа, речиси најважно од сè, е да му се даде на палестинскиот народ политички хоризонт за да може да види дека ќе има неповратен напредок кон решение за две држави и, најважно, формирање на палестинска држава, додаде шефот на британската дипломатија пред своите сопартијци.сд/

фото: ЕПА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан