• петок, 22 ноември 2024

Казни за 138 возачи во Скопје

Казни за 138 возачи во Скопје

Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на контролите во областа на сообраќајот вчера на територија на Град Скопје има изречено вкупно 138 мерки, соопшти денеска МВР.

Од вкупно изречените мерки за возење повеќе од дозволената брзина се шест санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, девет мерки за некористење сигурносен појас, 15 мерки за користење на мобилен телефон при возење...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. цр/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан