• сабота, 27 јули 2024

Казнети 94 возачи на територијата на општина Битола

Казнети 94 возачи на територијата на општина Битола

Скопје, 4 март 2024 (МИА) - Вкупно 94 возачи се казнети при контрола спроведена во текот на вчерашниот ден, од 11.30 до 17.30 часот,  на територијата на општина Битола. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во контролата за санкционирање возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, 28 возачи биле без возачка дозвола, две санкции се поради измината важност на сообраќајната дозвола, а пет мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла).  Девет санкции се изречени за возење без лекарско уверение во јавниот превоз...

- На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението од МВР. мд/дма/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан