• вторник, 14 мај 2024

Казнети 114 возачи на територија на СВР Битола, 13 биле без возачка дозвола

Казнети 114 возачи на територија на СВР Битола, 13 биле без возачка дозвола

Скопје, 25 септември 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден на територија на СВР Битола казнети се 114 возачи во контролите во областа на сообраќајот. 

Како што соопшти МВР, изречени се 77 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум возачи управувале возило под дејство на алкохол, а има и три санкции за непрописно паркирање. Изречена е една санкција за користење мобилен телефон при возење...

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.  мд/са/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан