• петок, 05 декември 2025

Кадетската џудо репрезентација на Македонија настапува на Балканското првенство во БиХ

Кадетската џудо репрезентација на Македонија настапува на Балканското првенство во БиХ

Скопје, 24 мај 2025 (МИА) – Македонската кадетска џудо репрезентација викендов ќе настапи на Балканското првенство за кадети и кадетки, кое ќе се одржи во Бихаќ, Босна и Херцеговина. 

Предводени од селекторот Игор Паскоски, македонските млади репрезентативци подготвени и со огромна желба и мотивација ќе се борат за медали на меѓународното натпреварување.

За Македонија на Балканијадата во БиХ ќе настапат: 
Хамида Друштинац (-44 кг)
Анамарија Стојмиловска (-48 кг)
Тамара Илиоска (-52 кг)
Теодора Илиоска (-57 кг)
Ангел Радевски (-50 кг)
Амар Бајрамоски (-55 кг)
Антонио Стојчески (-73 кг)
Никола Петров (-81 кг).

Воедно, овој натпревар претставува тест пред големиот предизвик што следува во јуни 2025 – Европското првенство за кадети во џудо, кое ќе се одржи од 26 до 29 јуни во Скопје.

По завршувањето на Балканското првенство, сите очи ќе бидат вперени кон Скопје, домаќин на едно од најзначајните натпреварувања на европската џудо сцена – Европското првенство за кадети.

Овој исклучителен спортски настан ќе биде првото Европско првенство во џудо некогаш организирано во Македонија – историски момент за нашата земја и за македонското џудо. зс/

Остани поврзан