• сабота, 22 февруари 2025

Кавадарчани бараат реконструкција на објектот на Центар за јавно здравје

Кавадарчани бараат реконструкција на објектот на Центар за јавно здравје

Кавадарци, 10 февруари 2025 (МИА) – Кавадарчани бараат реконструкција на објектот на Центарот за јавно здравје Велес, подружница Кавадарци. Советникот во Совет на Општина Кавадарци, Јован Златевски, во изјава за МИА појаснува дека до него стигнувале реакции дека кровната конструкција е во фаза на распаѓање, а објектот е од огромна важност за регионот.

-Станува збор за подружница и ние ниту имаме надлежност ниту сопственост, но го повикувам раководството од Велес да дојде да поразговараме, што ние како Општина можеме да помогнеме, вели кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Директорката на Институт за јавно здравје, Марија Андоновска подвлекува за МИА, дека центрите за јавно здравје се посебни, не се подрачни на Институтот.

-Поврзаноста на центрите со Институтот, е во однос само на националната програма што ја правиме и тие се должни да ни праќаат извештаи за регистрирани заболени на пример за грип, канцер. Ние ги обработуваме тие податоци и ги пласираме, истакнува Андоновска.

МИА се обрати и до раководството на Центар за јавно здравје Велес, но оттаму засега нема одговор, дали знаат за проблемот и што ќе преземат за негово решавање. свд/

Фото : МИА

Остани поврзан