Кавадарци организираше прием за претставници од Федерацијата на Европските карневалски градови
- Во рамките на традиционалната стопанско - туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер 2025“, синоќа во амбиентот на Вински музеј во градскиот парк во Кавадарци, беше организиран прием за претставници од Федерацијата на Европските карневалски градови. На настанот беа и учесници од карневалски групи, како и кралицата и кралот на годинешниов фестивал.
Кавадарци, 6 септември 2025 (МИА) - Во рамките на традиционалната стопанско - туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер 2025“, синоќа во амбиентот на Вински музеј во градскиот парк во Кавадарци, беше организиран прием за претставници од Федерацијата на Европските карневалски градови. На настанот беа и учесници од карневалски групи, како и кралицата и кралот на годинешниов фестивал.
Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека Кавадарци има чест да биде домаќин на оваа тридневна манифестација исполнета со многу настани, меѓу кои денеска во попладневните часови е и карневалското дефиле, во кое учествуваат карневалски групи од земјава и странство.
- Уживајте во нашиот град, во традицијата и културата, во вината што ги раѓа тиквешкото поле, порача Јанчев.
Претседателот на Совет на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов потсети на традицијата на манифестацијата, што, како што рече, е белег на Тиквешијата и на Кавадарци, како најголема општина во најголемиот лозаровинарски регион во државата.
Во рамките на манифестацијата, на агендата, меѓу другото се и тајна дегустација на вино, изложба на олдтајмери и други содржини. свд/бд/
Фото: МИА