• среда, 13 ноември 2024

Кавадарци објави Јавен повик за лица кои имаат потреба од личен асистент

Кавадарци објави Јавен повик за лица кои имаат потреба од личен асистент

Кавадарци, 1 август 2025 (МИА) - Општина Кавадарци објави Јавен повик за лица кои имаат потреба од личен асистент за поддршка при самостојно живеење, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на „Фејсбук“. 

- Општина Кавадарци во рамки на програмата Општинско-корисна работа, во соработка со програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објавува јавен повик за пријава на лица кои имаат потреба од асистент за поддршка за самостојно живеење. Ги повикуваме лицата кои имаат потешкотии самостојно да ги извршуваат основните егзистенцијални потреби (стари изнемоштени лица, лица со телесна или ментална попреченост) да  се пријават во граѓански центар на Општина Кавадарци или да се јават на телефонскиот број 043 416-145, напиша Јанчев. 

Тој додаде дека оваа социјална услуга е насочена кон подобрување на квалитетот на животот на лицата, кои имаат потреба од дополнителна помош во секојдневните активности.

- Лицата кои ќе се пријават по јавниот повик ќе добијат обучени лични асистенти, кои ќе обезбедат поддршка и помош, според индивидуалните потреби на корисниците. Личните асистенти им пружат елементарна помош, инструментални активности и се грижат за лицата, кои не можат самостојно да извршуваат основни инструментални активности, во домашни услови. 
Секој граѓанин на општина Кавадарци заслужува достоинствен и независен живот, напиша градоначалникот на Кавадарци. сд/ир


Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан