Облачно и студено наместа со повремен слаб снег, од петок пораст на дневните температури
- Времето до крајот на денот претежно облачно и студено наместа со повремен слаб снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5 степени, информираат од УХМР.

Скопје, 15 јануари 2025 (МИА) - Времето до крајот на денот претежно облачно и студено наместа со повремен слаб снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје претежно облачно, тивко и студено со услови за провејување на слаб снег. Температурата ќе биде до 4 степени.
Според синоптичарите, времето утре ќе се задржи променливо облачно и студено време наместа со услови за провејување на слаб снег. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.
- Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури, известуваат од УХМР. ир/сст