Кавадарци ги претстави кралицата и кралот на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“
- -Тие се срцето на веселбата, предводници на шарената поворка и симболи на тиквешкиот дух! Со насмевка, костими и чаша вино во рака – тие го слават животот, традицијата и радоста, споделија од Општина Кавадарци, како организатор на манифестацијата што ќе се одржи во петок, сабота и недела.
Кавадарци, 4 септември 2025 (МИА) - Кавадарци ги претстави кралицата и кралот на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“ и на карневалот што е дел од оваа стопанско - туристичка манифестација.
-Тие се срцето на веселбата, предводници на шарената поворка и симболи на тиквешкиот дух! Со насмевка, костими и чаша вино во рака – тие го слават животот, традицијата и радоста, споделија од Општина Кавадарци, како организатор на манифестацијата што ќе се одржи во петок, сабота и недела.
Оттаму истакнаа дека станува збор за најголем празник, споделувајќи ги сите настани од овој фестивал на грозјето и виното.
- Како добри домаќини, со гордост ќе угостиме и карневалски делегации од регионот и уметници од соседството, затоа што Гроздоберот отсекогаш бил симбол на пријателство и поврзување. Гроздоберот е повеќе од манифестација - тоа е заеднички празник на традицијата, на винската култура и на тиквешката душа, соопштија од Општината.свд/ар
Фото: Фејсбук страница на „Тиквешки гроздобер“