кабинет на Мацут: Утре нова средба на ректорот со премиерот со цел нормализирање на работата на Универзитетот во Белград
- Во Белград утре продолжуваат разговорите - почнати денеска - меѓу меѓу српскиот премиер Ѓурo Мацут, министерот за образование на Србија, Дејан Вук Станковиќ и ректорот Владан Ѓокиќ ,за целосно нормализирање на работата на Универзитетот во Белград“, јави дописникот на МИА од Белград.

Белград, 22 април 2025 (МИА) - Во Белград утре продолжуваат разговорите - почнати денеска - меѓу меѓу српскиот премиер Ѓурo Мацут, министерот за образование на Србија, Дејан Вук Станковиќ и ректорот Владан Ѓокиќ ,за целосно нормализирање на работата на Универзитетот во Белград“, јави дописникот на МИА од Белград.
Од Кабинетот на премиерот претпладнето беше соопштено за средбата меѓу претставници на власта и ректорот на белградскиот универзитет, а попладнево беше испратено уште едно соопштение.
Во него се наведува дека средбата се одржала на покана на новиот премиер и дека разговорот се одвивал во „отворена и конструктивна атмосфера“.
Освен Мацут, Ѓокиќ и Станковиќ, како што пишува, учествувал и министерот за наука, технолошки развој и иновации Бела Балинт.
На средбата било заклучено дека разговорите ќе продолжат во конструктивна атмосфера, со цел целосно нормализирање на работата на Универзитетот во Белград.
„Договорено е разговорите да продолжат утре во зградата на Владата на Србија“, се вели во соопштението.
Ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ во петокот беше повикан во Управата на крим-полицијата во Белград, каде како граѓанин даде изјава за да соберат информации во предистражната постапка кон него за кривичното дело злоупотреба на службената положба. Тој по два и пол часа присуство во полиција заедно со адвокат нагласи дека не сторил кривично дело или злоупотреба на службената положба. зш/
фото МИА