• петок, 05 декември 2025

Зеленски го предложи Шмихал за нов министер за одбрана на Украина

Зеленски го предложи Шмихал за нов министер за одбрана на Украина

Киев, 14 јули 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го номинираше поранешниот премиер Денис Шмихал за нов министер за одбрана на земјата и рече дека неговото искуство ќе биде корисно во новата украинска влада.

-Огромното искуство на Денис Шмихал дефинитивно ќе биде корисно на функцијата министер за одбрана на Украина - ова е областа каде што ресурсите на земјата се максимални, каде што има максимални задачи и голема одговорност. Сметам на доволна поддршка од нашите пратеници за новата конфигурација на украинската влада. И важно е владата брзо да спроведе ревизија на сите договори со нашите партнери - што функционира, а што треба да се ревидира или зајакне, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.

Претходно, Зеленски ја покани првата вицепремиерка Јулија Свириденко да стане премиер на Украина и да ја предводи новата влада, создавајќи услови за политички преуредувања во услови на сè помрачни перспективи за завршување на војната со Русија. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан