• петок, 05 декември 2025

Трамп вели дека Федералните резерви на САД треба да ги намалат каматните стапки под еден процент

Трамп вели дека Федералните резерви на САД треба да ги намалат каматните стапки под еден процент

Вашингтон, 14 јули 2025 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска ги обнови нападите врз претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, велејќи дека каматните стапки треба да бидат на или под еден процент.

-Треба да бидеме на еден процент. Треба да бидеме под еден процент“, рече тој.

Трамп ја продолжи својата вербална расправија со Пауел, минатата недела барајќи од него веднаш да поднесе оставка. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан