• петок, 22 ноември 2024

Ијан Меккелен паднал од театарска сцена и се повредил

Ијан Меккелен паднал од театарска сцена и се повредил

Лос Анџелес, 18 јyни 2024 (МИА) - Сер Ијан Меккелен, последниве десетлетија познат по улогите во „Господарот на прстените“ и „Икс-мен“, паднал од сцена за време на театарска претстава во Лондон. Британскиот глумец наводно се сопнал од реквизитите и потоа почнал да вика од болка, пишува „Дејли мејл“.

„Помогнете ми, моите раце...“ - повторувал Меккелен (85) во театарот „Ноел Кауард“, каде што глумел во „Кралски игри“ (Player Kings). Лекарите од публиката му пришле на помош, а набрзо пристигнала и брзата помош којашто го пренела глумецот в болница. Публиката беше изведена надвор од театарот со известување дека претставата е откажана. Од театарот потоа соопштија дека Меккелен се чувствува добро и се очекува брзо закрепнување, но додадоа дека, „за да му се даде време за одмор“, следната претстава што требаше да се одржи - е откажана.

- Сите беа преплашени кога тоа се случи, поради неговата возраст се плашевме дека тоа може да биде смртоносно за него, изјави еден посетител.

Инаку, претставата „Кралски игри“, со приказна сместена во Англија во раниот 15. век, игра во истиот театар до јули, а потоа треба да гостува низ театрите ширум Велика Британија.  си/мс/

Фото: Официјална интернет-страница на „Кралски игри“

Остани поврзан