• среда, 25 март 2026

Италија бележи рекордно ниска стапка на наталитет, пазарот на производи за деца е на работ на колапс

Италија бележи рекордно ниска стапка на наталитет, пазарот на производи за деца е на работ на колапс

Рим, 14 мај 2025 (МИА) - Италија бележи рекордно ниска стапка на наталитет, што има многу негативно влијание врз пазарот на производи за деца, а компаниите се принудени да се прилагодат на новата старосна структура на земјата. 

Минатата година во Италија се родени само 370.000 бебиња, што е најнизок број во историјата, а оваа земја со стапка на фертилитет од 1,18, што е под нивото на проста репродукција на населението, се соочува со една од најдлабоките демографски кризи во Европа. 

Некогашната повоена експанзија на индустријата за колички, креветчиња и играчки во италијанската покраина Бергамо денеска се сведува на преживување, а во некогашното индустриско јадро опстанаа само два производители на опрема за деца.

Демографијата го менува пазарот и опстанокот на компаниите сега зависи од тоа колку брзо и паметно можат да се прилагодат на новата старосна структура на Италија, која денеска има највисока просечна возраст во ЕУ - 48,7 години. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан