Италијанка почина по напад од сабјарка во Индонезија
- Џулија Манфрини (36) сурфала во близина на островот Ментавај што се наоѓа во Западна Суматра, кога се случил смртоносниот напад.
Торино, 22 октомври 2024 (МИА) - Сурферка од Торино, Италија, почина во петокот во Индонезија, откако била нападната и прободена во градите од сабјарка додека сурфала. Според очевидци, две лица се обиделе да ѝ помогнат на Италијанката, која по нападот бил пренесена в болница, но им подлегнала на повредите.
Џулија Манфрини (36) сурфала во близина на островот Ментавај што се наоѓа во Западна Суматра, кога се случил смртоносниот напад, пренесуваат медиумите.
- Информациите што ги добивме од началникот на Округот Југозападен Сиберут, се дека дошло до несреќа со италијанска државјанка додека сурфала. Сабјарката неочекувано се внела директно во градите на жената, изјави Лахмудин Сирегар, официјален претставник на индонезиската Регионалната управа за катастрофи.
Според истражувањата, нападите на сабјарка врз човек се ретки, но може да бидат опасни. Овие риби се познати по нивната брзина и агресивни движења, особено кога се чувствуваат загрозени. си/мс/
Фото: „Инстаграм“-фотоисечок; Википедија