• петок, 22 ноември 2024

Истражување: Обилното пиење алкохол го попречува намерното зачнување

Истражување: Обилното пиење алкохол го попречува намерното зачнување

Лос Анџелес, 15 септември 2022 (МИА) - Општопознато е дека алкохолот не е на менито кога жената е бремена. Но, дали истата „забрана“ важи и ако се обидувате да забремените?

Истражување и извештај на американскиот Центар за контрола и превенција на болести покажа дека речиси три од четири жени пијат алкохол и кога планираат да забременат. Но, мигот на зачнување не е егзактна наука. Како што велат стручњаците, идната трудница нема да добие порака „престанете да пиете“ кога спермата ќе се сретне со јајце-клетката. Обилната употреба на алкохол може да го наруши и менструалниот циклус, што може да ги попречи намерите за зачнување. Затоа се препорачува сите жени кои се обидуваат да забременат, целосно да се воздржат, или барем да го намалат внесот на алкохол. Иако тешко се достапни цврсти податоци за опасностите од употребата на алкохол во бременоста (под претпоставка дека ниеден истражувач не би изложил бебе на опасност во име на науката), медицинските групи, вклучувајќи го Американскиот колеџ за акушери и гинеколози, препорачуваат идните мајки да не пијат алкохол. Истражувањата покажуваат дека дури и умереното консумирање алкохол за време на бременоста може да доведе до вродени аномалии и потенцијално можно доживотно физичко, ментално и оштетувања на однесувањето на детето. Значи, ако имате сериозни намери за успешно зачнување и добро здравје на бебето, советот гласи - отфрлете го шишето. си/ми/

Остани поврзан