• сабота, 21 декември 2024

Истрага за осомничен за разбојништва и тешки кражби во Скопје

Истрага за осомничен за разбојништва и тешки кражби во Скопје

Скопје, 9 декември 2024 (МИА) - Определен е притвор за 26-годишник осомничен за најмалку пет кривични дела  против имотот - разбојништва и тешки кражби, врз жени и малолетни девојчиња во Центар и Аеродром, при што се стекнал со противправа имотна корист од околу 100 000 денари.

- Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишник осомничен дека сторил повеќе кривични дела против имотот – разбојништва и тешки кражби. Жртвите биле жени или малолетни девојчиња, кои осомничениот ги напаѓал на различни локации во Центар и Аеродром и притоа им одземал чанти, ранци, паричници, накит, телефони и други вредни предмети, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Како што појаснуваат, обезбедени се докази кои даваат основано сомнение дека тој е извршител на најмалку пет вакви кривични дела, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 100.000 денари.

- Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз постапката и особено веројатност да повторува вакви и слични кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, информира обвинителството.лв/

 фото:МИА архива 

 

Остани поврзан