• четврток, 18 јули 2024

Испорачаната вода од јавен водовод лани намалена за 0,9 проценти, домаќинствата потрошиле 68,9 проценти

Испорачаната вода од јавен водовод лани намалена за 0,9 проценти, домаќинствата потрошиле 68,9 проценти

Скопје, 24 јуни 2024 (МИА) -  Во јавниот водовод минатата година биле зафатени и преземени 293 191 илјада метри кубни вода за снабдување, што е за 2,3 проценти помалку во однос на  2022 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода, 63.4 проценти, е зафатено од изворски води, а најмалку, 1 процент, од езера.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2023 година било за 0,9  проценти помалку во однос на претходната година.

Според структурата на потрошувачката на вода, најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле 68,9  проценти од вкупната испорачана вода од јавен водовод.

Вкупното количество отпадни води во 2023 година било за 0,4 проценти помало во однос на 2022 година.

Од вкупното количество испуштени води во 2023 година, непречистени биле 72,2 проценти, а пречистени 27,8 проценти од отпадните води. лв/аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан