• среда, 22 јануари 2025

Исплатени 40.514.921,00 денари зa мерки 1.15 и 1.19 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството

Исплатени 40.514.921,00 денари зa мерки 1.15 и 1.19 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството

Скопје, 18 декември 2024 (МИА) - Извршени се директни плаќања во износ од  32.732.971,00 денари за производен и продаден домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни, индустриски, градинарски култури, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Корисници на оваа подмерка, како што појаснуваат од Министерството, се земјоделските стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал кои имаат производен и продаден семенски материјал во 2023 година или користен за сопствени потреби согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и имаат добиено сертификат за конечно сертифицирано семе.

-Исплатени се 7.781.950,00 денари за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури исто така се исплатени. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал кои имаат производен и продаден предосновен и основен семенски материјал за житни култури во 2023 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, се наведув во соопштението.

ОД Министерството посочуваат дека апликациите за субвенции се обработуваат со забрзана динамика се со цел земјоделците и сточарите да имаат доволно средства во ек на сезоната и пред почетокот на сеидбата. дма/нд/

Фото: МЗШВ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан