• вторник, 24 декември 2024

Исплатени се субвенции за растително и за сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024

Исплатени се субвенции за растително и за сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024

Скопје, 24 декември 2024 (МИА) - Денеска се исплатени средства за финансиска поддршка кон земјоделците за тековната 2024 година, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Извршена е вкупна исплата на износ од 264.241.663,00 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година кон 22.141 земјоделци. За мерката 1.8 Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади се исплатени 118.186.903,00 денари кон 8.729 корисници.

Исто така, денеска се исплатени и средства на износ од 146.054.760,00 денари кон 13.412 корисници за мерка 1.11 Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.

Како што стои во соопштението, дополнително е извршена исплата на директни плаќања за сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година.

- Се исплатија 416.722.200,00 денари субвенции за сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година кон 8.680 земјоделци и тоа за: мерка 2.1 Директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 4.000 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 201.532.000 денари кон 6.189 корисници. Мерка 2.8 Директни плаќања за обележани женски грла овци постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 600 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 182.692.200 денари кон 2.058 корисници. Мерка 2.10 Директни плаќања за обележани женски грла кози постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 2.000 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 32.498.000 денари кон 433 корисници, се наведува во соопштението од МЗШВ. цр/дма/

Фото: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Остани поврзан