• сабота, 21 декември 2024

Исламистичките милитанти во Пакистан убиле шест лица во напад на нафтена бушотина

Исламистичките милитанти во Пакистан убиле шест лица во напад на нафтена бушотина

Исламабад, 23 мај 2023 (МИА) - Исламистичките милитанти во Пакистан денеска  нападнаа инсталација за вадење нафта и природен гас во северозападниот дел на земјата, при што убиле четворица полицајци и двајца чувари, соопшти полицијата.

-Околу 50 милитанти ја нападнаа бушотината управувана од „MOL Pakistan Oil and Gas Company“ во пакистанската област Хангу, во близина на границата со Авганистан, изјави полицискиот претставник Ирфан Кан.

Ниту една организација сè уште не ја презела одговорноста, а компанијата не одговори веднаш на барањето за коментар.

Полицијата соопшти дека милитантите со тешко вооружување нападнале две бушотини, М-8 и М-10, вклучувајќи и рачни ракетни фрлачи.

-Чуварите на М-8 го одбиле терористичкиот напад, но имало жртви во М-10, кажа Кан.

Според полицијата, милитантите притоа оштетиле и соларна централа пред да побегнат во соседната провинција Северен Вазиристан, од каде што и дошле.

Различни милитантни групи, вклучително и пакистанските талибанци, со години наназад оперираат во оддалечените планини на северозападот од земјата од каде ги напаѓаат безбедносните сили и инфраструктурата во нивната борба против државата. сд/

Остани поврзан