• петок, 22 ноември 2024

Иско сака кариерата да ја продолжи во Севиља

Иско сака кариерата да ја продолжи во Севиља
Мадрид, 29 декември 2020 (МИА) - Играчот за врска на Реал Мадрид, Иско има намера да се пресели во Севиља во летниот преоден рок, објави „АС“. Според изворот, 28-годишниот Шпанец сака да игра во клубот од Андалузија под водство на Хулен Лопетеги. Реал, пак, е подготвен да го ослободи играчот во летото 2021 година за 15-20 милиони евра. Претходно беше објавено дека Иско сака да го напушти мадридскиот клуб поради конфликт со капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос. Фудбалерот од средниот ред оваа сезона одигра 13 натпревари, постигнувајќи еден гол. Договорот на Иско со Реал Мадрид трае до летото 2022 година. зс/

Остани поврзан