• петок, 22 ноември 2024

Иско сака да се обиде во друга лига

Иско сака да се обиде во друга лига
Мадрид, 24 ноември 2020 (МИА) - Франциско Аларкон, агент и татко на играчот за врска на Реал Мадрид, Иско, потврди дека неговиот син сака да се пресели во друга лига. - Во моментов немаме понуди, но Иско сака да се обиде да игра во друга лига. Секако нема да биде проблем и ако остане во Реал, но преферира друг предизвик, соопшти Аларкон во интервју за „ Cadena SER“. Раководството на Реал сака да добие 60-70 милиони евра за 28-годишниот фудбалер. зс/

Остани поврзан