Иско по поразот од Челзи: Премногу се повлековме
- Капитенот на Бетис, Иско го коментираше поразот од Челзи (1:4) во финалето на Конференциската лига.

Вроцлав, 29 мај 2025 (МИА) - Капитенот на Бетис, Иско го коментираше поразот од Челзи (1:4) во финалето на Конференциската лига.
- Не можевме да го надградиме нашиот првичен успех, а тоа не прогонуваше во текот на целата сезона. И покрај се што беше кажано во соблекувалната, отидовме во одбрана за да го задржиме водството. Премногу се повлековме, изјави Иско по синоќешниот пораз.
Челзи стана првиот тим што ги освоил сите европски натпреварувања: Лигата на шампионите, Купот на УЕФА, Лига Европа, Конференциската лига, Суперкупот на УЕФА и Купот на победниците на куповите. зс/
Фото: ЕПА