• четврток, 14 ноември 2024

Иско може да го пропушти почетокот на сезоната во Шпанското првенство

Иско може да го пропушти почетокот на сезоната во Шпанското првенство
Мадрид, 9 септември 2020 (МИА) – Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Иско, може да го пропушти првиот натпревар на тимот во новата сезона од шпанскиот шампионат, според „Марка“. Играчот од средниот ред се повреди на тренинг. Лекарите откриле дислоциран скочен зглоб кај фудбалерот. На Иско ќе му требаат околу две недели да закрепне. Ова го прави малку веројатно Шпанецот да игра на натпреварот против Реал Сосиедад, со кој „кралевите“ ќе играат на стартот на Ла Лига. Средбата ќе се одржи на 20 септември. Во исто време, Мадрид се надева дека играчот за врска ќе има време да се опорави пред натпреварот против Бетис, кој е закажан за 27 септември. зс/  

Остани поврзан