• петок, 05 декември 2025

Иран тврди дека уапсил двајца припадници на израелски Мосад

Иран тврди дека уапсил двајца припадници на израелски Мосад

Техеран, 16 јуни 2025 (МИА) – Иранските власти соопштија дека уапсиле двајца наводни припадници на израелската разузнавачка служба Мосад во северната провинција Алборз.

Според информациите, приведените биле фатени додека подготвувале експлозиви и уреди за електронско следење. Медиуми посочуваат дека ова е дел од поширока акција против наводни шпиунски активности поврзани со Израел.

Претходно иранските власти соопштија дека во градот Јазд се уапсени пет лица осомничени за шпионажа, соработка со Израел и недозволено фотографирање во корист на израелските разузнавачки служби. ссм/

фото: архива

Остани поврзан