Иран: Не бараме војна со Израел, но ќе дадеме соодветен одговор
- Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Техеран не бара војна со Израел, но е подготвен да даде „соодветен одговор“ на израелските напади оваа недела врз ирански воени локации.

Техеран, 27 октомври 2024 (МИА) – Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Техеран не бара војна со Израел, но е подготвен да даде „соодветен одговор“ на израелските напади оваа недела врз ирански воени локации.
- Ние не бараме војна, но ќе ги браниме правата на нашата нација и земја, рече Пезешкијан на состанок на владата во Техеран.
- Ќе дадеме соодветен одговор на агресијата на ционистичкиот режим, додаде тој. јт/
Фото: ЕПА