Иран: Најмалку 1.060 убиени во војната со Израел
- Иранската влада објави нов број на жртви од војната со Израел, велејќи дека најмалку 1.060 луѓе се убиени и дека бројот може да се зголеми.
Дубаи, 8 јули 2025 (МИА) - Иранската влада објави нов број на жртви од војната со Израел, велејќи дека најмалку 1.060 луѓе се убиени и дека бројот може да се зголеми.
Саид Охади, директор на Фондацијата за жртви и ветерани на Иран, рече дека бројката е објавена на иранската државна телевизија.
Охади предупреди дека бројот на жртви може да достигне 1.100, со оглед на тоа што некои луѓе се сериозно повредени.
Групата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ со седиште во Вашингтон соопшти дека во нападите загинале 1.190 лица, вклучувајќи 436 цивили и 435 припадници на безбедносните сили. Уште 4.475 лица биле ранети, соопшти организацијата. мс/
фото: ЕПА архива