• петок, 05 декември 2025

Иран назначува нова воена команда

Иран назначува нова воена команда

Техерљан, 13 јуни 2025 (МИА) - Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, назначи нова воена команда за вооружените сили на земјата, објавија иранските медиуми.

Со декрет, ајатолахот Хамнеи го назначи генерал-мајор Сејед Абдулрахим Мусави за нов претседател на началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили.

Тој, исто така, го назначи генерал-мајор Мохамед Пакпур за врховен командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) и генерал-мајор Али Шадемани за командант на воената база Хатам ал-Анбија.

За време на синоќешните израелски напади врз Иран, беа убиени претседателот на началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, генерал-мајор Мохамед Багери, командантот на ИРГЦ, генерал-мајор Хосеин Салами и командантот на Хатам ал-Анбија, генерал-мајор Голамали Рашид.

Според иранските медиуми, вооружените сили на Иран подготвуваат одговор. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан